СДСМ: Започна исплатата на финансиската поддршка за пензионерите

Од:

Започна исплатата за финансиската поддршка од последниот пакет антикризни мерки. За период од 5 месеци, 15.000 денари добиваат пензионерите со пензии до 14.000 денари. 10.000 денари добиваат пензионерите чии пензии изнесуваат од 14.000 до 16.000 денари. 7.500 денари добиваат пензионерите со пензија од 16.000 до 19.000 денари, тврдат од СДСМ.

– СДСМ како одговорна партија останува посветена на обезбедување пристојни пензионерски денови за нашите повозрасни граѓани. Со воспоставената методологија
СДСМ за 50% ја зголеми минимална пензија и за 50% ја зголеми просечна пензија во споредба со времето на ДПМНЕ, партијата која се сеќаваше на пензионерите само пред избори. Пензионерите знаат дека покачувања на пензиите има со СДСМ и дека пензиите ќе продолжат да растат само со СДСМ – тврдат од партијта.

Би можело да ве интересира

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион

СДСМ: Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема

Сопругата на Орце Ѓорѓиевски: Какви 30 илјади долари, чантата е купена на попуст од 944 денари

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Младеновска: Власта тера луксуз и тендери, а крати 3 милиони евра за болните од ретки болести

(ВИДЕО) Жерновски: Портпаролката на Владата, Митева потврди дека Мицкоски управува со судовите

СДСМ: Владата да објави кој патувал заедно со Мицкоски

Горан Наумовски