СДСМ: Законски измени со европско знаменце за коридорите и за проекти од ЕУ

Од:

„Со предог законите кои влегуваат во собраниска процедура се унапредува ефикасноста во изградбата на патната, железничката и енергетската инфраструктура во државата. На тој начин, се обезбедува побрза, поевтина и квалитетна изградба не само на коридорите 8 и 10Д, туку и за сите идни национални и стратешки проекти, како автопати, железници, гасоводи и слично“, велат од СДСМ.

„Меѓу нив спаѓаат и проекти финансирани од ЕУ, од меѓународни финансиски институции.

Сите предложени законски измени се во согласност со Уставот и со нивното донесување ќе се заштедат 150 милиони евра и две години изградба за коридорите 8 и 10Д, како најголем инфраструктурен проект од осамостојувањето досега.

Изградбата на коридорите, носи економски придобивки за домашните компании, отворање на 8.000 нови работни места и номинален раст на БДП од два отсто годишно“, соопшти СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра