СДСМ: Со Законот за употреба на јазиците се унапредува употребата на сите јазици на немнозинските заедници

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на денешната прес-конференција на Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет да ги надмине политиките на создавање тензии и вештачки поделби меѓу граѓаните коишто беа главна карактеристика на оваа партија во изминатите години.
Тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ се неосновани.

Измените на Законот за употреба на јазиците се целосно во согласност со Уставот на Република Македонија и амандманот 5.

Законот не фаворизира, туку ја унапредува употребата на сите јазици на немнозинските заедници во Македонија. Цврсто веруваме дека граѓаните во јавните установи треба да можат да комуницираат на својот јазик.

Со измените на Законот, употребата на македонскиот и албанскиот јазик нема да биде идентична, не се загрозува уставната положба на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо како службен јазик на целата територијата и во меѓународните односи.

За разлика од долгогодишното запоставување на македонскиот јазик од страна на ВМРО-ДПМНЕ, парламентарното мнозинство и Владата предводена од СДСМ системски ја унапредуваат употребата на македонскиот јазик и јазиците на останатите немнозински заедници.

Конечно, законот има обединувачка заложба и ќе биде во корист на сите граѓани во Македонија. Јазиците се средство за разбирање, а разбирањето носи развој за нашата татковина“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Без силен член 353, тендерската коалиција ВМРО-ЗНАМ сака слободно да ги дели државните пари на свои фирми

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го смени Членот 353 со кој си се амнестираше од криминалот, сега бара негови измени

(ВИДЕО) Кузеска: Владата на Мицкоски и ВМРО нема решенија ниту одговори на проблемите со кои секојдневно се соочуваат граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Имотот стекнат со криминал мора да се конфискува без разлика кога е украден

Горан Наумовски

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски