СДСМ: Законот ги демантираше, Николоски и ВМРО-ДПМНЕ намерно лажат за Коридорите

Од:

„Докажаниот извор на лажни вести Александар Николоски и ВМРО-ДПМНЕ намерно пласираат невистини во врска со стратешкиот проект за изградба на коридорите 8 и 10Д, од страна на реномирана американска компанија. Законот е јасен и ги демантира лагите на Николоски и ВМРО-ДПМНЕ“, велат од СДСМ.

„Законот за утврдување на јавен интерес за номинирање стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 и Коридор 10 е донесен во 2021 година и јасно ја регулира обврската на стратешкиот партнер за ангажирање најмалку 51% домашни работници, како и обврската странските работници да ги имаат потребните дозволи за престој и работа.

Во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се менува. Партијата која е симбол на провизии од кинеските патишта, симбол за криминал и корупција со нелегално стекнат имот врз грбот на граѓаните, постојано се противи на секој важен стратешки проект во државата“, соопшти СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра