СДСМ: Заедно успеавме да го обезбедиме местото на Македонија во НАТО

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на денешната прес-конференција на Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Република Македонија на следниот Самит добива покана за влез во НАТО.

СДСМ им честита на граѓаните. Заедно успевме да го обезбедиме местото на Македонија во НАТО.

Тоа е историски успех за Македонија, за сите нејзини граѓани. Македонија е горда.

Најмалку што можеше да направи ВМРО-ДПМНЕ е да ги поздрави историски добрите вести коишто стигнаа од седиштето на НАТО денеска, по заедничката прес конференција на премиерот Заев и генералниот секретар Столтенберг.

Граѓаните ќе ценат зошто единствено ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски не се радуваат на успехот на Македонија да стане 30-тата членка на НАТО.

Се остварува уште една стратешка цел, столчето во НАТО е обезбедено, вратата ширум отворена. Македонија рамо до рамо со западниот демократски свет, како рамноправен партнер ќе учествува во носењето на глобалните политики, во интерес на граѓаните, нивната сигурност и безбедност.

Македонското знаме е 30-тото знаме кое ќе се вее на јарболите пред седиштето на НАТО.

Членството во НАТО обезбедува трајна стабилност на земјата и ќе донесе нови странски инвестиции, нови работни места и повеќе пари во економијата.

Постигнатиот Договор за решавање на 25 годишниот спор со Грција ги отвори вратите на ЕУ и НАТО, обебзеди датум за преговори со ЕУ и покана за членство во НАТО.

Истовремено, со договорот се зајакнува и гарантира македонскиот идентитет кој никогаш повеќе нема да биде оспоруван.

Македонија реди успеси после децении стоење во место.

На референдум, слободно и демократки, граѓаните ќе дадат поддршка. Ќе кажат одлучно ДА за членство во ЕУ и НАТО, ќе кажат ДА за македонската иднина“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Предоцна е за Трајановски, веднаш да си поднесе оставка

А1он