СДСМ: Заедно со граѓаните ја креираме најдобрата понуда за секоја општина

Од:

„Викендов функционерите на СДСМ продолжија со активности на терен, беа заедно со граѓаните во секоја општина во секое населено место“, информираат од Партијата.

„Заменик претседателката Сања Лукаревска беше меѓу граѓаните на општина Дојран каде ги претстави досегашните успеси и ги слушна потребите на граѓаните.

Потпретседателот Венко Филипче попладнево беше меѓу граѓаните на Шуто Оризари, а потпретседателот Фатмир Битиќи вчера беше меѓу граѓаните на Велес“, велат од СДСМ.

„Секретарот за меѓународна соработка Бојан Маричиќ вчера беше во Кисела Вода, а денеска се сретна со жители на Арачиново.

Пратеници, членови на извршниот и централниот одбор, претседатели на комисии викендов учествуваа во активноста врата до врата, одржаа маалски средби и средби со целни групи за да го слушнат гласот на граѓаните.

СДСМ постојано е на терен меѓу граѓаните каде го презентира сработеното и заедно со нив ја креира најдобрата понуда секоја општина.

Граѓаните го препознаваат отворениот искрен однос, и затоа СДСМ води на сите анкети затоа што граѓаните знаат дека само со СДСМ е можен напредокот на општините и државата“, се додава во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати

Реакција на Ѓорѓиевски: Повторно гледаме обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски

СДСМ: Гостивар не заборава – додека граѓаните се труеја, Мицкоски славеше

Горан Наумовски