СДСМ: Задолжувањата се за да се помогне економијата и да се надмине кризата со коронавирусот

Од:

„Денес, ова нереформирано ВМРО-ДПМНЕ нејверојатно е единствениот политички субјект што не знае дека во светот со месеци се случуваат здравствена и економска криза поради коронавирусот. Како и сите други држави погодени од кризата така и Северна Македонија мораше да обезбеди капитал однадвор за полесно справување со последиците од кризата, за да се обезбеди ликвидност во време на светска пандемија и за да се направи фискален простор за дејствување и преземање на антикризни мерки“, се вели во соопштението на СДСМ, како реакција на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ од каде изјавија дека за само три месеци Владата го зголемила јавниот долг за една милијарда евра.

Од партијата велат дека еврообврзницата и заемот од Меѓународниот монтерен фонд се земени со потпис од дополнителната заменичка министерка за финансии, Гордана Димитриоска Кочоска кадар на ВМРО-ДПМНЕ, а намената на овие средства е строго утврдена.

„Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ, оваа партија нема ниту желба ниту волја да се реформира. Последен доказ за тоа е денешниот настап на Анастасија Илиеска, една од многу партиски функционерки на ВМРО-ДПМНЕ која е симбол на непотизам. Со таквиот потценувачки однос кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ уште долго останува во опозиција“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа

СДСМ: Владата на Мицкоски води отворена анти-ЕУ кампања

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата