СДСМ: За ВМРО-ДПМНЕ поважни се тендерите од здравјето на граѓаните

Од:

„Граѓаните, пациентите, лекарите, сите бараат одговорност и оставка од Никола Тодоров за хаосот во здравството. Само Никола Груевски срамно го брани Тодоров.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска ги поддржа лекарите и нивниот протест со што дирекнтно стави на знење дека ги осудува нападите и дека го разбира нивниот револт поради крајно понижувачкиот статус на здравствените работници.

ВМРО-ДПМНЕ не разбира што значи зборот поддршка затоа што оваа партија одамна ја има загубено.

Очекувавме од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ да застанат зад интересите на лекарите, пациентите и граѓаните и да побараат заминување на Никола Тодоров.

Но, за врвот на ВМРО-ДПМНЕ поважни се тендерските и бизнис интереси отколку здравјето на граѓаните.

Очигледно партијата има сериозни внатрешни проблеми поради губењето на поддршката од граѓаните и лесно предвидливиот пораз на слободните, фер и демократски избори на 24-ти април.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ постојано сака да зборува за пред 10 и повеќе години а не за изминатите години коишто им ги украде на граѓаните на Република Македонија.

Здравствениот систем во Македонија е целосно срушен.

Поразителни се податоците што ги објави Еуростат дека Македонија е на врвот на листата со починати новороденчиња во Европа. Во 2013 година, во Македонија починале дури 229 доенчиња!

Никола Груевски потроши неверојатни 630 милиони евра за споменици а според последните извештаи на Фондот за здравство, на крајот на јуни 2015 година, долговите на јавните здравствени установи се над 51 милион евра, а обврские се над 70 милиони евра.

Никола Груевски и Никола Тодоров се главните виновници за хаосот во здравството и нефункционирањето на системот на здравствена заштита.

Никола Тодоров мора веднаш да понесе одговорност и да поднесе оставка“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дизелот над 100 денари – четврто поскапување за еден месец и нов удар врз семејниот буџет

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати

Реакција на Ѓорѓиевски: Повторно гледаме обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски