СДСМ: За секаква осуда е споредбата на ЕУ со нацистите, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да се извинат

Од:

„СДСМ ја осудува споредбата на Европската унија и претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен со нацистите и нацистичкиот режим, направена од собраниската говорница од страна на ВМРО-ДПМНЕ“, соопшти СДСМ.

„Скандалозно, срамно и за секаква осуда е тоа што пратениците од ВМРО-ДПМНЕ по налог на Христијан Мицкоски го резилат Собранието, но и директно ги навредуваат нашите пријатели во Европската унија и го нарушуваат угледот на државата.

Освен што работат против интересите на Македонија и на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ застанаа против целата Европска унија.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да се извинат за ова сканадлозно однесување, да се откажат од својата деструктивност, антиевропско делување и манипулирање на јавноста со лаги и невистини“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски