СДСМ: За намалување на загаденоста сите институции делуваат во здружена акција

Од:

„Цели 11 години ВМРО-ДПМНЕ се посвети на криминални тендери и богатење на поединци поради што го игнорираше проблемот со загадувањето и не презеде ништо. Дополнително, заради криминални интереси системски беше уништувано зеленилото, се потрошија милиони евра за барок, споменици и гипс наместо да се инвестира во почитста и здрава животна средина. Тоа резултираше со екстремна загаденост на воздухот што и денес се чувствува.

За разлика од таквиот неодоговорен однос на ВМРО-ДПМНЕ кон граѓаните и нивното здравје, денес Владата предводена од СДСМ и сите надлежни институции, преземаат серија мерки на локално и на национално ниво преку кои се решава долгогодишниот проблем со аерозагадувањето.

Се обновува зеленилото што системски беше уништувано. Во Скопје, Битола, Велес но и на други места ширум земјава се спроведува акција за зазеленување, се садат дрвја и се обновува зеленилото. Интензивно се расчистуваат депониите, зачестени се инспекциите, се заменуваат нееколошките енергенси во училиштата. Засилени се активностите за гасификација, во тек е субвенцирање на еколошки печки на пелети за загревање на домовите.

Се решаваат проблемите со сите извори на загадување. Од наредната година, се набавуваат 40 нови еколошки автобуси за град Скопје, а предвидена е и набавка во другите градови како во Битола и Прилеп.

Ова се само дел од мерките што се преземаат континуирано за решавање на деценискиот проблем со загадувањето.

Чистиот воздух и здравата животна средина се врвен приоритет на СДСМ. Сите институции низ заедничка, координинарна акција секојдневно преземаат мерки за надминување на деценискиот проблем со загадувањето со цел за наредните две години загадувањето да се намали за 50 отсто во Скопје и за 30 до 50 отсто во цела Македонија“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат