СДСМ: За хаосот во Скопје вината е кај ВМРО-ДПМНЕ и шпицниот градоначалник Мицкоски

Од:

„На Град Скопје му се случува хаос. Скопје за прв пат остана без јавен превоз, јавните претпријатија не функционираат, нема проекти, ни инвестиции, нема развој“, велат од СДСМ.

„Вината за хаосот во Скопје и во јавните претпријатија под надлежност на градот целосно е кај ВМРО-ДПМНЕ и шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски.

Залудно се обидуваат да побегнат од одговорноста. ВМРО-ДПМНЕ го има мнозинството во Советот на Град Скопје, а тоа ги именува членовите на Управните одбори во Јавните претпријатија, кои се највисок орган на управување. Тие сите до еден се членови на ВМРО-ДПМНЕ.

Шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ целосно ја изневерија довербата на граѓаните на Скопје.

Скопјани не заслужуваат власт која со рацете во медот, јавно се кара за тендери, влијанија и провизии“, соопшти СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски