СДСМ: За една година ВМРО-ДПМНЕ во Скопје направи пепел

Од:

„ВМРО ДПМНЕ за само една година во Скопје направи пепел, го доведе градот до состојба да не може да ги обезбеди ниту основните функции. ВМРО-ДПМНЕ го заглави градот, како што 11 години Македонија што беше заглавена. Покажаа дека се најнеспособната локална власт во историјата на главниот град“, велат од СДСМ.

„Градот назадува, нема нови проекти, наместо бесплатен јавен превоз, за прв пат во историјата Скопје остана без превоз.

Приватните превозници не возат, ЈСП тоне во долгови, тешка е состојбата и во други градски претпријатија. Додека во градот владее хаос, тие се скараа за бизнис интереси, тендери и провизии, чии раце да бидат во медот.

Од кавгата меѓу Христијан Мицкоски и Данела Арсовска произлегоа скандалозни закани и навреди. Според сведоштвата на Арсовска, Мицкоски и се заканувал дека ќе ја влече по улици и со неа под ќе брише.

До пред само неколку месеци, Арсовска за ВМРО-ДПМНЕ беше најдобра градоначалничка, а сега и бара доказ дека е во добра психофизичка состојба. И додека јавноста слуша за закани, клевети и навреди меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска, СДСМ прави се за да ги реши проблемите на скопјани.

Парното во Скопје веќе го презема и го управува Владата, откако Арсовска и мнозинството во Советот од ВМРО-ДПМНЕ се откажаа од него. Благодарение на одговорниот и чесен пристап на претседателот Ковачевски, блокадите на скопските улици се отстранети и дадена е шанса преку дијалог да дојдат до решение.

Скопјани не заслужуваат да бидат заложници на неспособната и неодговорна локална власт на ВМРО ДПМНЕ“, соопшти СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни