СДСМ: За една година ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски направија хаос во Скопје

Од:

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за една година направија хаос во Скопје. Го доведоа градот до колапс, со блокирани сообраќајници, нефункционални институции, а тие наместо да работат за граѓаните се караат за провизии и тендери, за тоа чии раце да бидат во медот. Од големите ветувања на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори и нивната кандидатка за градоначалничка Данела Арсовска нема ништо, се вели во писмената реакција од СДСМ.

„Реализацијата на проектите за модерно Скопје е нула, а истовремено се запрени, прекинати, укинати започнатите проекти како Бас рапид транзит, реконструкцијата на Универзална сала, изградбата на мостот на Љубљанска, клучката кај Момин поток и ред други.

Со менаџерските способности на „најдобрата менаџерка во Европа“, како што Арсовска се самопрогласи пред една година и мнозинството во Советот од ВМРО-ДПМНЕ големото ветување за бесплатен јавен превоз се претвори во нефункционален јавен превоз и блокади по крстосниците, штрајк на приватните превозници, намалена фреквенција на линиите, преполни постојки и автобуси.

Нема еколошки автобуси, ЈСП тоне во долгови, им должи на приватните превозници 1,5 милиони евра, а истовремено склучува штетен договор со приватна компанија за купување гориво по цена повисока од реалната. Скопје денес е киднапиран град на лажните ветувања на Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ, кои за една година направија хаос во Скопје. Граѓаните не заслужуваат неодговорна и неспособна локална власт во Скопје“ велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски