СДСМ: За 91 советник на Груевски годишно се одвојуваа над 1,7 милиони евра од Буџетот

Од:

Од владејачката СДСМ преку писмено соопштение реагираат на денешната прес конференција на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„За 91 советник на Груевски годишно се одвојуваа над 1,7 милиони евра од Буџетот, денес кога се е транспарентно, ВМРО-ДПМНЕ во очај конструира непостоечки случаи

Никола Груевски со години беше советуван од 91 советник меѓу кои и неговиот потрчко Христијан Мицкоски. Ангажманот на 91 советник на Груевски државата годишно ја чинеше 1,73 милиони евра, сума за над седум пати повисока од онаа што денеска ја соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Во отсуство на конкретни идеи и проекти, безидејното ВМРО-ДПМНЕ продолжува да конструира непостоечки случаи кои служат единствено за замајување на јавноста.

Таков е и последниот случај со советниците на премиерот Зоран Заев, позиции кои постојат во секој претходен кабинет“, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија