СДСМ: За 20 пати се зголемува опфатот на деца за детски и образовен додаток

Од:

„Со новата социјална реформа, која веќе е усвоена од Собранието, градиме систем кој трајно извлекува од секаков вид на сиромаштија.

За 20 пати се зголемува опфатот на деца кои користат детски и образовен додаток и суштински се преобразува социјалната заштита.

Детскиот додаток кој досега го користеа 3.200 деца со новата реформа ќе го користат 73.500, додека образовниот додаток наместо 3.800 деца, сега ќе го користат 61.143 деца.

Продолжува вистинската грижа за граѓаните преку вистиснка помош и поддршка на семејствата на кои помошта им е неопходна.

Преку реформските мерки и новата социјална реформа се враќа социјалната правда, која е темел за градење на праведно општество кое нуди еднакви можности за сите.

Зборот е збор, градиме фер и праведно општество за сите, државата продолжува напред“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?