СДСМ: Времето на криминал и расипништво заврши, доаѓа време на одговорност

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Светлана Коларовиќ од ВМРО-ДПМНЕ.

„Режимот замина во минатото, а со него заминаа и криминалните зделки преку кои ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски цели 11 години ги осиромашуваа граѓаните.

Резултат на таквото криминално владеење се 500.000 граѓани кои беа оставени да живеат под прагот на сиромаштија.

Граѓаните имаа прилика да слушнат преку проектот „Вистината за Македонија“ како на нивна штета Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ договараат да земат милионски провизии за изградба на автопатишта, луксузни парцели на Водно, скапо платен мерцедес од 600.000 евра по вкус, желба и нарачка директно од Никола Груевски

Времето на расипништво и криминал заврши. Доаѓа време кога мора да има и ќе има одговорност за сите злоупотреби и направени криминали изминативе 11 години кои им нанесоа огромни штети на граѓаните на Р.Македонија“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО