СДСМ: Времето на Груевски истече!

Од:

„Над 630 милиони евра пари на граѓаните веќе се потрошени за фасади за бизнисите на Никола Груевски и Сашо Мијалков.

Меѓу 15 и 30 милиони евра пари со непознато потекло веќе се потрошени за новото седиште на ВМРО-ДПМНЕ.

Отиде и милион во џебот на омилената уредничка на Груевски, Ивона Талевска.

Ама ја нема опремата од Висарис.

Го нема ветениот Клинички центар во Скопје.

Ја нема ветената Кличика болница во Штип.

Новите апарти во болниците се или расипани или во кутии.

На Кардиологија има само три холтери, од коишто едниот е расипан!

Апаратите за дијабетес над 8 покажуваат неисправни вредности.

Дијабетичарите примаат инсулин од стара генерација.

Ординациите на Нефрологија се распаѓаат од влага поради што прегледите се
извршуваат со отворен прозорец на минусни температури!

Пациенти што крварат сами си купуваат завој!

Македонија е меѓу првите три земји во регионот и Европа по смртност на новороденчиња, поради недостиг на матични гинеколози, во 21 век!

Од тендерските политики на Никола Груевски умираат луѓе. Се пука во лекари.

А Никола Груевски, по 10 години власт, бара време граѓаните да видат реализација на виртуелни 150 милиони евра што ги планирал за здравството.

Груевски одзеде 10 години живот на граѓаните на Република Македонија.

Времето на Никола Груевски истече.
Збогум Никола!“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски