СДСМ: Време е за обединување околу европскиот пат

Од:

„СДСМ искрено им благодари на сите граѓани, членови, активниски, спимпатизери, на сите поддржувачи на прогресивните политики што носат напредок и европска иднина. Масовноста на големата национална трибина на СДСМ „Силно и одлучно кон иднината“ во Скопје и позитивната енергија говори за големата поддршка, солидарност, за бескомпромисната посветеност и преданост на нашата визија за европска, економски силна и напредна држава за сите граѓаните“, велат од СДСМ.

„Европска Македонија е единствена и сплотена, силна и одлучна. Време е за обединување околу европскиот пат. Сега кога конечно тргнавме напред кон европската иднина, да се обединиме, за да продолжиме многу побрзо, со стабилност, извесност и чувство за национална гордост и важност.

Заедно да покажеме дека европската интеграција ни е приоритет, затоа што значи ред и поредок, економски стандард, безбедност и подобар и побогат живот.

Да покажеме дека македонското име, македонскиот јазик се конечно обезбедени и никој повеќе нема и не смее да ги оспорува.

Да покажеме дека со многу работа, врвна чесност и максимална одговорност ќе направиме подобра, европска иднина за граѓаните.

Ова е време, шанса конечно да ја средиме државата, време е за целосен општествен консензус за европскиот пат и европската иднина.

СДСМ како најголема, најсилна и државотворна партија е гарант на европската иднина, на економски силна и просперитетна држава“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

СДСМ поднесе закон: двојно државјанство да немаат ниту министрите во Владата и да важи веднаш

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа