• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Враќањето на дневната евтина тарифа на струјата е во завршна фаза

by А1он11/09/2017 - 10:0357
Share0

„Владата предводена од СДСМ и парлaмeнтарното мнозинство преку спроведените мерки што беа дадени како ветувања пред граѓаните докажуваат дека зборот, навистина е збор. Уште во првите сто дена од мандатот донесени се низа проекти и мерки што обезбедуваат поквалитетен живот, повисок животен стандард и повеќе пари во семејните буџети.

Добивај вести на вибер

Враќањето на дневната евтина тарифа на струјата е во завршна фаза и таа од први октомври ќе стане реалност за сите граѓани. Секој ден од 14 до 16 часот, како и од 22 часот во сабота до 7 часот во понеделник ќе биде достапна евтина тарифа на електрична енергија за сите потрошувачи.

Истовремено, активно се работи на новиот Закон за енергетика, а се обновува и прекинатата соработка со Европската енергетска заедница. Соработката со Енергетската заедница ќе биде од помош на Република Македонија да донесе европски закони за енергетика и енергетска ефикасност. Со тие закони воопшто не се предвидува покачување на цената на електричната енергија за граѓаните, туку тие предвидуваат намалено непотребно трошење и намалување на регулираните дејности.

Домашните инвеститори кончено ќе бидат израмнети со странските инвеститори. Секој инвеститор што планира нова инвестиција, без разлика дали е домашен или странски ќе добие од државата поволности и олеснувања. За таа цел, инвеститорите ќе имаат можност да се одлучат помеѓу неколку различи пакети или таканаречени менија кои ќе нудат поволности во зависност од видот и големината на инвестицијата.

Интензивно се работи и на отстранување на затекнатите проблеми со започнатите автопатишта и нивна целосна реализација во интерес на граѓаните и државата.

Владата предводена од СДСМ продолжува посветено да работи на поголема поддршка на компаниите, на изградба на квалитетна инфраструктура и на враќање на повеќе пари назад кај граѓаните“, се вели во соопштението на СДСМ.

sdsm

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Оваа власт не ја сака Европа – сака контрола, капитал и изолација

Горан Наумовски26/01/2026 - 12:3026/01/2026 - 13:10

(ВИДЕО) Фрчкоски: Медиумски октопод на Орбан како политичка алатка на ВМРО во Македонија

Горан Наумовски26/01/2026 - 11:53

ВМРО-ДПМНЕ: Сѐ што има Мицкоски е стекнато чесно и законски

Горан Наумовски26/01/2026 - 10:0526/01/2026 - 10:26

СДСМ: На македонскиот работник му се потребни 12 години за да заработи колку што чинат часовниците на Мицкоски

Горан Наумовски26/01/2026 - 08:4926/01/2026 - 09:23

За СДСМ, Законот за пушење е дефокус на власта

Катерина Ѓуровски25/01/2026 - 16:53

СДСМ: Изолацијата на Мицкоси во Давос покажа колку му слугува на Орбан

Катерина Ѓуровски25/01/2026 - 14:25
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен