СДСМ: Со вработувањето на дел од наставниците на неопределено се унапредува образованието

Од:

„Владата предводена од СДСМ донесе одлука за вработување на неопределно време на голем дел од наставниците и професорите во основното образование, со што се реазлизира уште една мерка преку која се унапредува образованиот систем.

Со одлуката на Владата предводена од СДСМ, министерството за образование и наука треба да побара согласност од Министерство за финансии за вработување на лица на неопределено работно време во основното и средното образование, за работни места за коишто може да се оствари полно работно време.

Преку реализацијата на оваа одлука ќе се обезбеди сигурност и стабилност на лицата вработени во средно и основно образование, што ќе придонесе за унапредување на квалитетот на наставата и целокупниот образовен систем.

Владата предводена од СДСМ продолжува со посветено спроведување на мерки што го унапредуваат образовниот систем и ги подобруваат условите за работа на наставниците и професорите“, се вели во соопштението на СДСМ

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски