СДСМ: Водиме сериозни преговори за формирање влада, приоритет ќе е прочистување на правосудството

Од:

„СДСМ води сериозни преговори за формирање на влада со полн четиригодишен мандат, која ќе обезбеди прочистување на правосудството и проверка на потеклото на пари и имот на секој функционер. Новата влада посветено ќе се зафати со борба со криминалот и корупцијата на сите нивоа – без разлика дали некој доаѓа од партија, од општина, од институција, дали е експерт, функционер, познат или непознат. Приоритет е прочистување на правосудството, а заедно ќе договориме и ќе воспоставиме систем за проверката на потекло на пари и капитал кај секој функционер“, се вели во соопштението на СДСМ.

„Судиите и обвинителите имаат обврска да испорачаат владеење на правото во кое законот е еднаков за сите. Судиите кои застаруваат предмети ќе бидат разрешени по автоматизам. Ќе биде извршена темелна ревизија на 5% од сите судски пресуди во последните 5 години, по случаен избор. Следува разрешница на сите предмети отворени од Специјалното јавно обвинителство. Изминатите две и пол години ги создадовме сите услови, го донесовме Законот за јавно обвинителство, кој гарантира дека политиката не може да се меша во судските одлуки, а сите предмети за висока корупција мора да имаат судска разрешница. Во следниот, четиригодишен мандат ќе покажеме дека можеме уште повеќе и уште подобро да работиме во интерес на граѓаните“, додаваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните