СДСМ: Во вториот круг се бориме за 17 места, граѓаните масовно да излезат на гласање

Од:

СДСМ ја продолжува изборната кампања за вториот круг, во кој се бориме за 17 градоначалнички места. СДСМ докажа дека на овие избори има одлични кандидати кои ја добија довербата од граѓаните. Тие освоија повеќе од 155.000 гласа, и ги повикуваме сите кои ја препознаа чесната понуда на СДСМ и чесните кандидати да излезат во вториот круг, велат од партијата.

„СДСМ ги повикува сите граѓани кои гласаа за другите кандидати што не влегоа во вториот круг, да дадат поддршка на нашите кандидати. Тоа се луѓе кои ќе работат во интерес на сите граѓани, кои им служат пред сè на граѓаните, нивните интереси и барања. Нашите кандидати имаат реални програми и план за реализација на ветеното, наспроти кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ кои докажано не реализираат ништо од ветеното“, тврдат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО