СДСМ: ВО ВМРО-ДПМНЕ владее нервоза, затоа штанцаат измеслни лажни случаи

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во ВМРО-ДПМНЕ владее нервоза и затоа штанца измислени лажни случаи и шири лажни вести.

Граѓаните гледаат еден очаен обидиот на ВМРО-ДПМНЕ, преку измислени лажни случаи, да гопокрие скандалот на Христијан Мицкоски, кој ги лажеше граѓаните.

Тешко дека може ВМРО-ДПМНЕ нешто да побегне од лагите на Мицкоски. Граѓаните очекуваат извинување, особено откако самиот Мицкоски призна дека земал пари додека му бил советник на Груевски и тоа ги чинело граѓаните околу 2 милиони денари.

ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш покажува дека нема никаква идеја, никаква програма и визија, нема што да им понуди на граѓаните. Целосното нивно политичко делување се заснова единствено налични клевети и обиди за неосновано оцрнување на претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев и неговото семејство.

Ова е истата матрица која Никола Груевски ја спроведуваше цели 11 години.

Измислените наводи на ВМРО-ДПМНЕ објавени денеска, вклучително и за споменатите компании, се уште еден во низата лажни вести кои немаат никаква врска со реалноста“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски