А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Во власта владее молк за откажувањето на изградбата на „Јужен тек“

by А1он02/12/2014 - 17:29103
Share0

Во власта владее молк за откажувањето на изградбата на рускиот гасовод Јужен тек. Каде е денеска Никола Груевски? Земјите во регионот објавуваат алтернативни решенија за снабдување со гас, заради најавите дека Русија се откажува од реализацијата на Јужен тек, а врвот на власта во Македонија молчи, реагираат од СДСМ.

Добивај вести на вибер

Тоа покажува дека Владата на Никола Груевски нема стратегија за алтернативно снабдување на земјата со гас.

Бараме власта што побрзо да им одговори на граѓаните зошто дозволи Македонија да остане без стратегија за алтернативно снабдување со најевтиниот енергенс, гасот?

СДСМ неколку пати посочува дека за Република Македонија е корисно да има приклучок и на Трансјадранскиот гасовод ТАП. Земјата треба да инсистира ТАП да поминува низ Македонија и тоа со клучниот цевковод.

Од друга страна, ВМРО ДПМНЕ, во својата програма, се потпира исклучиво на реализацијата на Јужен тек за снабдување на земјата со гас.

СДСМ апелираше, уште во септември 2013 година, дека со ратификување на спогодбата за гасоводот Јужен тек Македонија ќе влезе во авантура од која може да излезе само како губитник.

За жал, денес тоа се случува. Денеска, Македонија е оставена без алтернативно снабдување со гаса се вели во реакцијата на СДСМ.

sdsm

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

Горан Наумовски05/04/2026 - 13:34

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

Горан Наумовски05/04/2026 - 13:31

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

Горан Наумовски04/04/2026 - 16:03

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

Горан Наумовски04/04/2026 - 10:15

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски03/04/2026 - 11:3203/04/2026 - 11:49

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

Горан Наумовски02/04/2026 - 16:09
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто