СДСМ: Во Визбегово ќе се гради населба за бездомните лица, а не камп за мигранти

Од:

„По кој знае кој пат денеска ВМРО-ДПМНЕ повторно шири лажни вести.

Сите надлежни институции, Министерството за труд и социјална политика, општина Карпош, ги демантираа лажните документи и невистините пласирани од ВМРО-ДПМНЕ.

Во Визбегово ќе се гради населба за бездомните лица кои до неодамна живееја под Кале, а не камп за мигранти.

Оваа одлука е усвоена уште пред една година со која Владата, преку едно хумано решение, трајно им обезбедува дом на повеќе од 80 лица кои живееја на улица.

ВМРО-ДПМНЕ шири лажни вести и злоупотребува хумани решенија.

Бегалски кампови нема да се градат и бегалци нема да се населуваат во Република Македонија. Оваа е стара лага на ВМРО-ДПМНЕ“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски