СДСМ: Во услови на најголемата криза Мицкоски решава да ги засили блокадите

Од:

„Во услови на најголемата криза кога на граѓаните им треба функционално Собрание кое носи закони во интерес на граѓаните, Христијан Мицкоски решава да да ги засили блокадите. Очигледно решил по деструкција да го надмине и својот шеф и ментор Никола Груевски“, соопшти СДСМ.

„ВМРО-ДПМНЕ во Собранието блокира голем број закони од интерес на граѓаните како што се Законот за Клинички центар, Законот за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта, Законот за службата во Армијата.

Ништо друго не се ни очекуваше од Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, продолжуваат во ист стил, со иста матрица, со една цел – блокада на државата.

Со ваквите постапки Мицкоски не го блокира ниту СДСМ ниту Владата, туку на тој начин ги блокира решенијата за подобар живот за граѓаните.

СДСМ останува отворена за сите добронамерни и конструктивни предлози, но ги осудува сите обиди за блокади и вештачки кризи поради лични и партиски интереси, особено во време кога се води борба против последиците од кризата и за заштита на стандардот на граѓаните.

СДСМ и граѓаните нема да дозволат блокадите на Мицкоски и криминалната ВМРО-ДПМНЕ да наштетат на државата“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски