СДСМ: Во тек е постапка за ажурирање и активна регистрација на членството

Од:

„Постапката за ажурирање на членството на СДСМ и активна регистрација на секој член е во тек.

Оваа постапка започнува од најмалите организациони единици на партијата, месните одбори, чии тимови ќе го посетат секој член на СДСМ низ целата држава, секако почитувајќи ги мерките за заштита од коронавирусот.

Понатаму постапката, целосно транспарентно и одговорно, продолжува во комисиите на општинските организации па се до највисоките партиски органи и до Централниот одбор“, велат СДСМ.

„Активната регистрација, ќе може да се реализира и преку самостојно онлајн пријавување, во електронска форма.

Ваквиот, современ, транспарентен процес ќе се заокружи со издавање на нови, модерни електронски членски картички, персонализирани за секој член на партијата. Досегашните хартиени ќе ги замениме со нови, дигитални.

Ажурирањето на членството на СДСМ и активната регистрација, што ќе трае до 25 февруари претставува исчекор кон поголема внатрепартиска демократија.

Оваа година претседател на СДСМ ќе бираат членовите на непосредни внатрепартиски избори.

Ова за прв пат ќе се случи во нашата држава и го воведува токму СДСМ, партија која постојано се менува, унапредува, демократизира, модернизира.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија победува, но постојано се менува! Со нова енергија, подготвени сме за сите предизвици пред нас, на нашиот народ и на нашата македонска татковина да и понудиме нови успеси!“, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија