СДСМ: Во страв од соочувањето со одговорност, ВМРО-ДПМНЕ секојдневно се обидува да врши притисок врз правосудните органи

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на изјавата на Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Со празни прес конференции пред просториите на правосудните органи ВМРО-ДПМНЕ во страв од соочување со одговорноста за се она што го правеа изминатите години, секојдневно се обидува да изврши притисок врз правосудството и да го попречува владеењето на правото.

Лицемерно и апсурдно е ВМРО-ДПМНЕ на една иста прес конференција прво да ги повикува судовите да не подлегнуваат под притисоци, а веќе во следната реченица да им кажува на судовите како да постапуваат по одредени предмети.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет да разбере дека заврши времето кога можеше да врши притисок врз судиите.

Судовите мора да одлучуваат независно, без никакви надворешни влијанија, а ВМРО-ДПМНЕ мора да ги остави судовите самостојно да работат и да одлучуваат.

Токму владеењето на правото и одговорноста за сторените дела е државен и национален интерес на Македонија.

Република Македонија ќе биде правна држава. Секој оној кој направил какво било криминално дело ќе понесе одговорност, без разлика на неговата етничка, религиозна, партиска и каква било припадност“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО