СДСМ: Во Прилеп доаѓа млада гарнитура со Локвенец

Од:

За СДСМ реакциите на ВМРО-ДПМНЕ го покажуваат стравот, паниката и раздорот во редовите на ДПМНЕ, од изборот на Хари Локвенец за кандидат градоначалник на Прилеп.

„Едно е јасно, во 8 години со Марјан Ристески на чело на Општина Прилеп, не е отворен ниту еден нов погон, фабрика или капацитет, невработеноста и сиромаштијата достигнаа рекордно ниво, прилепчани живеат бедно и мизерно како никогаш досега, младите го напуштаат градот“, велат од СДСМ

Валентин Божиноски го праша координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Димески:

-Што се крие зад изборот на двајца подпретседатели што за прв пат се случува во вашиот општински комитет,

-Дали новиот бран во ДПМНЕ е бившиот и неуспешен пратеник Панче Дамески, или пак несудениот координатор на вашиот општински комитет и бивши член на СДСМ – Пеце Ристески.

-Дали нов бран во ДПМНЕ, млад и свеж кадар претставува-Бошко Талески ?

-Дали се ова лицата кои треба да покријат вашата лична неспособност да раководите со партијата ?

-Или пак, со вакви ново измислени функции, само се обидувате да ги смирите фракциите и кадрите, за кои и самите знаете дека не уживаат никаква подршка кај вашето членство.

„Господа од ДПМНЕ, прилепчани се веќе убедени дека на чело на Општината доаѓа нова, млада и силна гарнитура на чело со Хари Локвенец, која ќе се избори за економски силен и просперитетен Прилеп“, вели Божиноски.

Би можело да ве интересира

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија