СДСМ: Во понудата за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ не верува ниту Мицкоски

Од:

„Вчерашното претставување на кандидатите за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ покажа две работи. Прво, СДСМ е убедлив фаворит, победник на локалните избори и второ, Христијан Мицкоски знае дека ги губи изборите и ова е понуда од немај каде“, соопштува СДСМ.

„Едвај нашол кандидати што ќе претрпат пораз, па затоа мнозинството од кандидатите се непознати. Огромен дел од нив се од времето на Груевски кои или биле кандидати за советници или имале државни функции на локално или централно ниво.

ВМРО-ДПМНЕ се уште нема свој кандидат за градоначалник на Град Скопје, додека во Општина Центар поддржува кандидатка на мал коалиционен партнер. Ова покажува дека ВМРО-ДПМНЕ во главниот град има мала доверба од граѓаните.

Повеќе од јасно е дека ниту самиот Мицкоски не верува во оваа понуда, па затоа побегна од јавноста и објавувањето на кандидатите, му го препушти на Александар Николоски, аѓутант на Груевски.

Во многу општини се поставени кандидати со многу помала поддршка од граѓаните, наместо личностите со највисок рејтинг меѓу нивните кандидати.

Прашање е дали тие не сакаат или Мицкоски си поставува свои пријатели и послушници за кандидати за градоначалници.

СДСМ е фаворит и победник на претстојните локални избори. Не само затоа што тоа го покажуваат сите релевантни анкети, туку затоа што СДСМ ја има најдобрата кадровска и програмска понуда за секоја општина.

На 17 октомври Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги очекува нов пораз од граѓаните, кои ќе потврдат дека напредокот е можен единствено со СДСМ кој ја носи најдобрата понуда за секоја општина, најдобрата понуда за државата“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) СДСМ со амандмани бара 2.500 денари повеќе месечно за студентски оброк и стипендии од 8.000 денари

СДСМ: 51 милион евра не се префрлени во вториот пензиски столб – кривична одговорност треба да започне од Мемов

(ВИДЕО) Фрчкоски: Мицкоски и Славески брзаат да ја продадат Алта банка за џабе – кој ќе ја плати цената?

Горан Наумовски

СДСМ: Нема пари, 51 милион евра не се префрлени во вториот столб

(ВИДЕО) Кузеска: Една недела нема одговор од Савески за Алта банка и кривичната – им купува време на Мицкоски и Славески?

А1он

СДСМ: Мицкоски и Кочоска најавуваат задолжување од 2 милијарди евра во 2027 година

А1он