СДСМ вo петок ќе реши кога ќе ја објави „бомбата“

Од:

Во петок, во 18 часот, на Централен одбор, СДСМ ќе одлучи кога ќе се објави бомбата, одоговри денеска на новинарско прашања портпаролот на партијата, Петре Шилегов.

Тој, на прес-конференција, кажа и дека забраната за која зборува Јавното обвинителство (ЈО) не се однесува на докaзите со кои располага СДСМ и кои ќе бидат објавени пред јавноста. Исто така, таа не се однесува на медиумите што ќе ги објават доказите кои СДСМ ќе ги презнтира.

– Сметаме дека конфузното соопштение на Јавното обвинителство не е ништо друго освен јалов обид да се спречи објавувањето на доказите и на документите за криминалното владеење на Никола Груевски и на неколкумина поединци околу него. Законот за кривична постапка не забранува објавување материјали што можат да бидат предмет на понатамошна истрага – рече Шилегов.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски