СДСМ: Во оваа држава нема ни правда, ни независно судство, власта не почитува ни закон

Од:

Правото и правосудниот систем се најслабите алки во Република Македонија, како резултат на владеењето на oваа власт, велат во писмената реакција на СДСМ на прес конференцијата на ВМРО – ДПМНЕ.

Во оваа држава нема ни правда, ни независно судство, власта не почитува ни закон, ни Устав. Правото и правосудниот систем се заложници на интересите во врвот на ВМРО-ДПМНЕ.

За какви реформи во правосудството говори ВМРО-ДПМНЕ кога во Македонија не можат да се организираат и спроведат фер и демократски избори?

Македонија е земја на политички затвореници. Јавноста е сведок на селективна правда, срамни судски одлуки во исто време кога не се поведуваат постапки за скандали во врвот на власта, како „Македонка банка” „Актор” и многу други.

Затворските услови за осудениците се под секој цивилизациски минимум, нехигиенски се, недоволно безбедни и психолошки неефективни.

Оваа власт не ја интересираат самите граѓани, а најмалку нивните права кои секојдневно ги крши.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски