СДСМ: Во Охрид и Карпош се отпуштаат вработени

Од:

СДСМ денеска обвини дека во Охрид и скопската општина Карпош се отпуштаат државни служебници, наставници и професори кои не се членови на партиите на власта.

Портпаролот на партијата Петре Шилегов на прес-конференција посочи дека покрај 60-тината наставници и професори кои се избркани во општина Охрид, не им се продолжени договорите за работа на 11 лица во општина Карпош.

– Во услови кога интензивно се вработуваат нови лица со статус „времено вработени“, не им се продолжени договорите за работа на 11 лица. Дополнително, уште 11 редовно вработени државни службеници се преместени во просториите на месните канцеларии во Злокуќани, Бардовци затоа што одбиле да потпишат пристапници за челнство во партијата на градоначалникот, рече Шилегов.

СДСМ бара ваквите постапки да престанат и да се преиспитаат одлуките поврзани со отпуштањата и прераспределбите на вработените.

Би можело да ве интересира

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана