СДСМ: Во однос на Бугарија, ги штитиме националните интереси, а ВМРО-ДПМНЕ прави штета

Од:

„Владата предводена од СДСМ ги штити државните и националните интереси, во решавањето на прашањата со Бугарија, не отстапува од црвените линии кои се дефинирани со Резолуцијата усвоена во Собранието од страна на пратениците од сите политички партии“, соопшти СДСМ.

„За македонскиот јазик, за македонскиот идентитет, за македонската историја и посебност, нема, ниту може да има никакви преговори.

Од друга страна ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, во време кога се решава евроинтеграцискиот процес на државата, се однесуваат срамно, неодговорно и недозволиво, со што прават штета на државните позиции и националните интереси.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ја засилија деструкцијата и лажеа дека ќе се избрише македонскиот јазик, дека народот ќе биде асимилиран, а државата ќе се бугаризира.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да покажат одговорност, да престанат да одработуваат за туѓи интереси и да не прават штета само заради задоволување на лични и партиски интереси“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО