СДСМ: Во март граѓаните на К. Паланка ќе им стават крај на вмровските апаши

Од:

Општинскиот изборен штаб на СДСМ Крива Паланка, реагира на прес конференција на сменетиот претседател на ОК на  ВМРО-ДПМНЕ во Крива Паланка.

За нив тоа била  нај нервозната и полна со тешки зборови, исполнети со омраза, бес и навреди . Откако во

„Во негово време комитетот му се подели на неколку фракции истиот беше експресно сменет и сега најверојатно му е дадена улогата на дежурен плукач по се она што не е вмровско.Па така за се им е крив СДСМ. Ако младите вмровци се пресметуваат со безбол палки, кинат банери, мократ на сред улица, се тепаат помеѓу себе на партиски забави, СДСМ им е крив, ако постарите вмровци физички се пресметуваат на комитски вечери, пак СДСМ им е крив. Секогаш ке биде СДСМ дежурен виновник“, стои во соопштението.

Според СДСМ , оваа нервоза и бес е  како резултат од позитивната кампања на СДСМ преку која кандидатот и иден градоначалник на Крива Паланка, Д-р Горан Младеновски заедно со локалното раководство се постојано на терен и преку средби со граѓаните ја испишуваат победничката програма која ке ги содржи решенијата за најгорчливите проблеми на сите излажани и изманипулирани наши сограѓани токму од ДПМНЕ.

„Затоа во иднина нема да дозволиме да бидеме вовлечени во очигледно највалканата кампања на ДПМНЕ, туку ке бидеме насочени кон средби со секој наш сограѓанин, ке ги слушаме проблемите на секого поединечно и ке ги нудиме можните решенија. Моментално највисок приоритет на ОИШ на СДСМ Крива Паланка е подготовката на изборната програма на нашиот кандидат врз основа на сите предлози и проблеми нотирани од граѓаните. А колегите од власта, нив ке ги оставиме да пропаѓаат во безидејноста и заканите кои ги делат стравувајки од евентуалните последици со кои ке се соочат повекето сегашни носители на високи раководни функции во Крива Паланка“, велат од СДСМ.

 

 

Би можело да ве интересира

СДСМ: САД ја суспендираат обработката на визи од 75 земји, меѓу нив и Македонија

(ВИДЕО) Филипче: Сѐ што најавивме се оствари, дупка од две милијарди евра, анти-ЕУ кампања за изолација

(ВИДЕО) Филипче: Без спроведени реформи нема укинување на техничката влада

СДСМ: Владата ја призна буџетската дупка од милијарда евра

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Димитријевиќ: Кој оди на средба со Мицкоски легитимира криминал и изолација на земјата