СДСМ: Во Македонија дури 58% од младите се невработени.

Од:

Поради погрешните политики на власта на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ младите заминуваат во странство со билет во еден правец. Поразителен е фактот дека 250 илјади млади лица се иселиле од Македонија, велат од СДСМ.

Како може ВМРО-ДПМНЕ да изразува задоволство за некакви позитивни резултати за невработеноста на младите со вакви поразителни бројки?

Субвенционираната мерка за која говори ВМРО-ДПМНЕ трае само 2 години, а ефектите се незначителни. Тоа значи дека со овој проект ни приближно нема да се реши проблемот со огромната невработеност кај младите.

Дополнително, власта не кажа ниту збор кои се гаранциите дека работодавачите ќе ги задржат младите до 29 години на своите работни места и по периодот од 12 месеци, по завршување на субвенционирано вработување?

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски