СДСМ: Во ЕУ како Македонци со чист македонски јазик, Собранието да ги поддржи заклучоците

Од:

„Пред Собранието денеска е важна одлука за иднината на државата и нашата евроинтеграција, откако е потврдено дека со последниот европски предлог се отвора патот во Европската унија да влеземе како Македонци со чист македонски јазик и обезбеден македонски идентитет“, соопшти СДСМ.

„Сите пратеници да ги поддржат заклучоците, предложени од пратеничката група на СДСМ, со кои се задолжува оваа и секоја идна Влада на Република Северна Македонија, сите институции и експертскиот преговарачки тим на безусловно почитување на јазичните, идентитетските, историските и културните особености на македонскиот народ, како елементи за кои не се преговара со Европската унија.

Заклучоците предвидуваат преговорите да се водат на рамноправна и принципиелна основа, почитувајќи ги нормите на меѓународното право, со безрезервно почитување на достоинството и посебноста на Македонскиот народ, како и во целосна согласност на Резолуцијата усвоена од Собранието, на 29 јули 2021 година.

Конечно по 17 години чекање и 13 позитивни препораки, државата има шанса да ги започне преговорите за пристапување во ЕУ, да се реализира втората стратешка цел, со целосно заштитен македонски јазик, идентитет и посебност“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски