СДСМ во Бутел и Аеродром, ВМРO-ДПМНЕ во Свети Николе и Штип

Од:

Коалицијата „Сојузот за иднината“, предводена од СДСМ вечерва ќе одржи митинг во Бутел и Аеродром.

Планирани се и помали средби во Чучер Сандево, Чаир и Шуто Оризари.

Митингот во Бутел ќе започне во 19 часот, а средбата со граѓаните во Аеродром е планирана за во 20 часот.

И на двата настани ќе се обрати врвот на СДСМ и коалицијата Сојузот на иднината, предводени од лидерот Бранко Црвенковски.

Од друга страна владејачката коалиција „За подобра Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи митинг во Свети Николе и Штип.

Митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Свети Николе е планиран да започне во 18 часот, а во Штип околу 21 часот.

Претставници на партиите ќе ги посетат Лозово, Карбинци, Василево и Конче.

ДПА ќе одржи средба со жителите во Слатино, општина Теарце и општина Боговиње, а ДУИ во 18 часот има закажано митинг во Дебар.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија