• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Во 2013 ќе расте само задолжувањето

by А1он11/11/2012 - 14:4911/11/2012 - 14:49283
Share0

Единственото нешто што во 2013 година навистина и понатаму ќе продолжи да расте е задолжувањето во странство, смета проф. д-р Ванчо Узунов, претседател на Економско-социјалниот совет на СДСМ.

Добивај вести на вибер

Што е најлошо, вели тој, ќе расте задолжувањето, пред се, за да се вратат досегашните задолжувања.

– Предлог буџетот не е ништо друго освен еден обид, со извртување на начинот на презентирање на работите, да се сокријат фактите за досегашната лоша економска политика, како и за безидејноста и кукавичлакот за преземање различна економска политика во иднина. Таква која, после 7 години континуирано неслушање на добронамерните совети на стручната јавност и правењето грешки, сега е повеќе од неопходна – вели Узунов.

Тој заклучува дека Буџетот за 2013 година нема да ги решава проблемите од кризата, туку само ќе ги одржува и дека ништо суштински нема да се смени.

– Буџетот повторно предвидува трошење пари на несуштински проекти наместо на капитални инвестиции и инфраструктура. Владата има намера и понатаму да не задолжува и до 2013 година, а политиката без решенија, директно не води во банкрот, сличен на грчкиот. Проекцијата го потврдува фактот дека Македонија ја чека тешка година и ако се земе предвид инфлацијата, граѓаните, бизнисот и севкупно целата држава, Владата проектирала да бидат посиромашни – заклучува Узунов.

Структурата на буџетот е иста како и онаа од 2006 година.

– Овој пат, за наредната година се дава прогноза за умерен раст што треба да звучи како вразумување за разлика од минатите години, особено после фијаското направено со предвидувањата за порастот на БДП за во 2012 година. Но, зад таквата наводна умереност, всушност се кријат повеќе „стапици“ – предупредува тој.

Тој вели дека стапката на раст за оваа година ќе изнесува околу нула. Предвидениот раст за наредната година е 2 отсто, но прашање е дали и тој е остварлив. Буџетот предвидува бруто инвестициите да бидат со стапка од 6 отсто.

sdsm

Би можело да ве интересира

СДСМ: Скандал со повлекувањето на Кедев, дали Жан излезе со клевети за Филипче за да се спаси

Катерина Ѓуровски01/02/2026 - 12:3101/02/2026 - 12:49

СДСМ: Платите на работниците треба да се покачат сега, а не за две години

Предраг Петровиќ31/01/2026 - 14:2231/01/2026 - 14:23

СДСМ: Затворањето на пост мониторингот не е успех на Мицкоски

А1он30/01/2026 - 17:3730/01/2026 - 18:29

СДСМ го поднесе Законот за минимална плата од 600 евра за работниците

Горан Наумовски30/01/2026 - 14:54

(ВИДЕО) Кузеска: 50 дена молк, криминалните тендери остануваат без одговор од институциите

Горан Наумовски30/01/2026 - 12:16

СДСМ: Работниците на дното, власта троши на тендери

Горан Наумовски30/01/2026 - 08:5530/01/2026 - 08:58
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен