СДСМ: Во 12 часот пред Жолтата куќа на протест

Од:

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, утре, во Скопје ќе организира голем протестен собир пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, или како што ја нарекуваат „Жолтата“ куќа.

Протестот ќе започне во 12 часот.

Учесниците на мирниот протестен собир ќе пристигнат со заедничко организирано движење кон седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

„Собирно место од каде учесниците на протесниот собир ќе се упатат кон седиштето на ВМРО-ДПМНЕ е на локација „Јужен Булевар“ (кај „Рамстор“). Движењето започнува во 11:45 часот, продолжува по улицата „М.Х. Јасмин“, па се оди покрај „Бристол“, потоа се врти лево по улицата „Даме Груев“ (во обратна насока) сè до ТЦ „Плаза“ каде се врти десно, и се влегува кон седиштето на ВМРО-ДПМНЕ“, стои во СДСМ во соопштението.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?