СДСМ: ВМРО тендерска ДПМНЕ седум дена молчи за рацете на Мицкоски во тендерот од 136 милиони евра

Од:

„Седум дена трае молкот од ВМРО-ДПМНЕ за тоа која е улогата на Христијан Мицкоски во спорниот тендер од 136 милиони евра за пречистителната станица во Скопје?“, прашува СДСМ.

„Кадри на Мицкоски како поранешниот шеф на кабинет Златко Перински се обвинувани од страна на Данела Арсовска дека биле фатени со „рацете во медот“.

Цела недела траат меѓусебните обвинувања за наводен криминал, Мицкоски молчи за неговата улога во сето тоа.

Надлежните институции започнаа да постапуваат по допрен глас и добро е овој случај целосно да се истражи и ако се лоцира одговорност, сите инволвирани треба да сносат одговорност“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски