СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ зад себе остави инфраструктурен пустош

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Славче Трпески од ВМРО-ДПМНЕ.

„11 годишното коруптивно и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ остави пустош во инфраструктурата. Секој таканаречен проект на ВМРО-ДПМНЕ во инфраструктурата беше симбол на криминал, неспособност и корупција, а пропустите на автопатската делница Демир Капија – Смоквица се уште еден доказ за тоа.

Со криминалните тендери, договорените провизии и пропустите во изградбата на автопатите, ВМРО-ДПМНЕ нанесе огромни штети врз граѓаните и врз угледот на Република Македонија.

Наспроти таквиот коруптивен и криминален пристап кон инфраструктурата, Владата предводена од СДСМ активно работи на санирање на напластените штети од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и на развој на инфраструктурата.

Со потпишувањето на Меморандумот за соработка во инфраструктурата помеѓу Македонија и Бугарија, преку целосната санација на наследените штети и преку добиениот грант од 70 милиони евра за изградба на пругата кон Бугарија, Владата предводена од СДСМ го враќа нарушениот углед на Република Македонија и работи на развој, унапредување и модернизација на инфраструктурата“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?