СДСМ: ВМРО ДПМНЕ во Крушево си има „фамилија“

Од:

„Нервозата од работното лето на СДСМ ја става во ситуација владејачката партија да почнува да блада на своите анемични прес конференции. ВМРО-ДПМНЕ се обидува за сопствените гревови во Крушево да го обвини СДСМ“, стои во писменото соопштение на опозициската СДСМ.

Од последните локални избори во Крушево за 50% е намален бројот на активни жители, од 3500 во 2009 година, сега во градот активно живеат 1800 жители. Тоа е најпоразителен показател за штетните политики на ВМРО-ДПМНЕ во оваа општина, велат од СДСМ.

Кога веќе не се откажуваат од темата за приватизацијата, СДСМ им порачува на колегите од ВМРО-ДПМНЕ да си ги постават следните прашања внатре во партијата:

-Прво, Зошто Груевски како министер за финансии го потпиша ФЕСЕЛ 2 аранжманот со кој ги ликвидираше речиси сите фирми во Крушево и остави стотици луѓе без работа.

-Второ, Конкретно за Жито Крушево во ВМРО-ДПМНЕ може да го прашаат баџанакот на актуелниот градоначалник на Крушево кој беше директот кога оваа фирма се затвори.

-Трето, За Тутунскиот комбинат во Крушево ВМРО-ДПМНЕ може да го праша таткото на актуелниот градоначалник кој исто така беше директор на оваа фирма кога таа се затвори.

„За волја на вистината ВМРО-ДПМНЕ и во Крушево си има “фамилија“ која во последните 20 години има три градоначалника. Актуелниот, неговиот татко и неговиот прв братучед“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски