А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ трет ден се обидува да ја манипулира јавноста со измислен случај

by А1он02/05/2018 - 16:1161
Share0

СДСМ со писмено соопштение реагира на денешната прес-конференција на Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Добивај вести на вибер

„Трет ден опозициската ВМРО-ДПМНЕ очајно се обидува да ја манипулира јавноста со измислен случај со што се докажува дека од ден на ден прогресираат личните фрустрации на Христијан Мицковски од позитивната, транспарентна и законска работа на Владата предводена од СДСМ.

Иако сите факти говорат дека ниту има некаков криминал во РЕК ниту пак постои некаква поврзаност со фирми или лица од семејството на претседателот Зоран Заев, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски продолжуваат со обидите да ги лажат граѓаните.

СДСМ како одговорна партија, повторно ги повикува сите надлежни институции како и сите граѓански здруженија или организации коишто се бават со транспарентност и владеење на правото, да покажат заинтересираност за измислениот случај на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и за тоа да ја информираат јавноста.

Времето на договорени тендери, на офшор шеми и сомнителни зделки беше одлика на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и со тоа е завршено. Денес, сите државни и јавни претпријатија работат согласно законите, одговорно и транспарентно.

Наместо да ја замајува јавноста преку празни прес-конференции полни со контрадикторни бројки редно е Мицкоски по двонеделно криење, конечно да излезе пред јавноста и да одговори за договорите од 10.5 милиони евра склучени во непосредна спогодба во времето кога тој раководеше со АД ЕЛЕМ“ се вели во реакцијата на СДСМ.

sdsm

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Горан Наумовски24/03/2026 - 11:52

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 13:11

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 12:22

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Горан Наумовски19/03/2026 - 19:36

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Катерина Ѓуровски18/03/2026 - 11:12

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски17/03/2026 - 14:0617/03/2026 - 17:20
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен