СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ треба да се откаже од политиките на поделби и конфликт

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Орце Ѓорѓиевски од ВМРО ДПМНЕ.

„За време на своето владеење, ВМРО-ДПМНЕ 11 години се служеше со лажни вести и пропаганда преку коишто ги промовираше своите политики на омраза, поделби и конфликт.

ВМРО-ДПМНЕ ширеше лажни вести и пред локалните избори, кога ја вознемируваше јавноста со наводна изградба на кампови за мигранти коишто никогаш не се случија.

И денес како опозиција, единствениот начин на делување на ВМРО-ДПМНЕ се лажните вести преку кои се обидува да создаде нови, вештачки поделби во општеството.

Законот за употреба на јазиците е во согласност со Уставот и Амандманот 5 донесени во 2001 година и со него не губи никој туку добива Македонија која се гради како едно општество за сите.

Во Штип, во Кочани, во Берово, никој не мора да зборува албански јазик, тоа се лаги пласирани од ВМРО ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ треба да се откаже од политиките на поделби и конфликт што беа поразени од граѓаните.

Тоа е во интерес на државата и на сите граѓани“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски