СДСМ: ВМРО ДПМНЕ треба да се извини за поткопувањето на државните позиции, а одговорност да бара од Мицкоски

Од:

„Додека СДСМ ги заштитува државните и националните интереси, во решавањето на прашањата со Бугарија, не се отстапува од црвените линии кои се дефинирани со Резолуцијата усвоена во Собранието, ВМРО-ДПМНЕ се однесува крајно неодговорно и штетно“, соопшти СДСМ.

„Во период важен за евроинтеграцискиот процес на државата, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги поткопуваа државните позиции, поддржаа Резолуција со ставови на Бугарија, ширеа лажни вести и деструкции.

Од Белата палата ја плашеа јавноста со наводно распродавање на македонскиот јазик, македонскиот идентитет и историја, лажеа за некаква асимилација и бугаризација на државата.

Најмалку што може да направи ВМРО-ДПМНЕ е да им се извини на граѓаните за поткопувањето на државните позиции, а одговорност да бара од Христијан Мицкоски“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО