СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ стана најбогата партија во Европа, додека граѓаните тонеа во долгови

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес конференција на Ирена Попова од ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ, партијата којашто преку криминалното и расипничко владеење стана најбогата партија во Европа, додека мнозинството граѓани тонеа во долгови и сиромаштија, нема ниту минимален кредибилитет да зборува и да глуми загриженост за социјалната заштита.

За разлика од таквиот однос кон граѓаните од страна на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ работи на унапредување на социјалната заштита и системско извлекување на граѓаните од сиромаштија. СДСМ, преку Владата и парламентарното мнозинство што ги предводи веќе подготвува нов Закон за социјална заштита којшто треба да биде донесен оваа година. Во новиот Законот предвидено е воведување на минимален адекватен приход и значително зголемување на социјалната помош чијшто износ нема да биде ист за сите, туку ќе биде прилагоден на индивидуалните потреби на различните корисници.

Граѓаните ја гледаат и чувствуваат разликата помеѓу одговорното и домаќинско работење на Владата предводена од СДСМ и расипничкото и криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ. За само неколку месеци, Владата предводена од СДСМ преку укинувањето на радиодифузната такса, воведувањето на евтина тарифа на струјата, зголемувањето на минималната плата по што 90 000 граѓани добиваат повисока плата, како и решавањето на проблемот со стечајните работници, ги скратува трошоците за живот и обезбедува повеќе пари за граѓаните и нивните семејни буџети“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски