СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ создаде заробена држава во време кога Мицкоски му беше советник на Груевски

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

„11 години Македонија беше во длабока изолација, со партизирани и злоупотребени институции и карактеризирана како заробена држава во која граѓаните тонеа во долгови и сиромаштија.

11 години во Македонија цветаа непотизмот, партиските вработувања и се вршеше масовна партизација од страна на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Никола Груевски и неговиот советник, пионот Христијан Мицкоски.

А Мицкоски како советник на Никола Груевски не може да побегне од тоа, тој е директен соучесник во тоа Македонија да биде заробена држава со партизирани институции.

Затоа, денес, антинародното раководство на ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски не може да се помири со денешното професионално и независно функционирање на институциите и можноста сите граѓани да имаат еднаков пристап до вработувања со еднакви правила и критериуми.
Од заробена држава за краток период Македонија е пред влез во НАТО и пред добивање датум за преговори.

Со започнатиот реформски процес од страна на Владата предводена од СДСМ, државните институции и јавната администрација, работат слободно, независно, одговорно, професионално и единствено во интерес на граѓаните, наместо во интерес на партиите, како што беше за време на 11 годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

Процесите за вработувања се законски, јавни и транспарентни и за сите важат еднакви услови и критериуми“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски