СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ создаде хаос во Скопје, потребна е посебна седница на Советот

Од:

ВМРО-ДПМНЕ за само една година како локална власт предизвика колапс на градот Скопје и јавните претпријатија, кои се под негова надлежност. Заинтересирани само за бизнис интереси со рацете во медот создадоа хаос во јавното сообраќајно претпријатие и за прв пат во историјата го оставија Скопје без јавен превоз, се вели во партиското соопштение од СДСМ.

„По два дена прекин, вработените добија плати, превозот тргна, но без одговор остана прашањето како ЈСП за една година направило долг од милион евра и дали причина за тоа е и набавката на гориво по цена повисока од 5,6 денари по литар од редовата.

Неспособната власт на ВМРО-ДПМНЕ предвизика хаос во ЈСП, а ништо подобра не е состојбата ни во други јавни претпријатија на градот Скопје. Градот стагнира и наздува, прекината е реализацијата нa крупни проекти, ветените проекти и инвестиции никаде ги нема.

СДСМ очекува ВМРО ДПМНЕ кое има мнозинство во Советот на Град Скопје и Трајко Славевски како претседавач, да закаже наменска седница, за разгледување на овие прашања. Скопјани не заслужуваат неспособна градска власт која мисли само на лични бизнис интереси и дејствува на штета на Градот и граѓаните“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нема поголема минимална плата, доаѓаат „економски работници“

А1он

(ВИДЕО) Фрчкоски до ДПМНЕ: АКТ ви дише во врат, ќе ја ослободиме Македонија од вашиот криминал!

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС можете да најдете буквално сѐ што не може на друго место

СДСМ: ЕУ ја суспендирала ИПАРД 3 програмата поради корупцијата на ДПМНЕ

Горан Наумовски

СДСМ: САД најавуваат закон за санкции за Вучиќ во Србија, дали Мицкоски мирно спие?

Горан Наумовски