СДСМ: ВМРО -ДПМНЕ создаде хаос и направи оргромни штети во здравството, СДСМ ги санираше штетите и создава ефикасен здравствен систем

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со криминалните политики го урниса здравстениот систем, создаде хаос и огромни штети врз здравјето на граѓаните. Со расипничко и криминално трошење на парите, ВМРО-ДПМНЕ клиниките ги остави во долгови, без основни услови, со дефицит на специјалисти, кровови што протекуваат, со неупотреблива опрема, лекарите и пациентите ги понижуваше, реагира СДСМ, на прес-конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Пропустите во изминатите 11 години се уште се чувствуваат но штетите се санираат со брза, навремена и професионална акција на наделжните здравстени институции.

Владата предводена од СДСМ гради современ, оджлив, квалитетен и ефикасен здравствен систем, кој нуди навремена и подобра здравствена услуга, подобри услови за работа на лекарите и ја враќа довербата кај граѓаните.

Нема веќе криминални набавки. Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и официјално потврди дека сите јавни набавки на Министерството за здравство се кристално чисти и законски.

Над 19 илјади вработени во здравствените установи добија покачување на платите за 5 отсто, со престојното покачување во септември уште дополнителни 5 отсто или вкупното покачување ќе виде 10 отсто.

Со проектот за вработување на млади лекари кој дава резултат ги задржуваме младите кадри во државата.

Во 2019 година обезбеден е буџет од 380 милиони денари за справување со ретки болести, за разлика од 2009 година во вемето на ВМРО-ДПМНЕ кога буџетот бил 27 милиони денари.

Епидемијата на морбили е под контрола, денес се увезуваат квалитетни вакцини и лекови,а свесноста на јавноста дека вакцинацијата е неопходна кога станува збор за болест како морбили веќе е на повисоко ниво.

Формираењето на јавно-приватно парнерство за менаџирање на стерилизицација ќе биде во корист на пациентите. Со овој модел, квалитетот на опемата која ќе се користи ќе биде зголемен, а сегашната опрема која е стара и предизвикува проблеми, ќе биде сменета со нова.

Владата предводена од СДСМ останува посветена на унапредување на здравството, преку подобрување на здравствените услуги и условите за работа на медицинскиот персонал и докторите.“, се наведува во реакцијата на партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: По седум градови, Лепенец и Вардар – сега Рич и Белотино со загадена вода

СДСМ: Кој гарантира и кој потпиша дека водата во Гостивар е технички чиста?

СДСМ: Да се повлече законот за „Скопје 2028“, со него се легализира корупција и се заобиколуваат јавните набавки

Катерина Ѓуровски

Прескокнувањето системски закони е аларм за корупицја – Антикорупциска реагира за Законот за „Скопје 2028“

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Клековски денес призна и за жолтица во Гостивар– време е кривично да одговара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Сè уште нема документ за водата во Гостивар а нови градови се со отровна вода